(ФОТО) Сиромашно девојче без патики, освои три златни медали во трките на 400, 800 и 1500 метри


12-годишна атлетичарка од Филипини освоила три златни медали во Најк “патики” кои ги направила сама. Реа Булос ги направила патиките од завои, а нејзината приказна веднаш се проширила на социјалните мрежи. Таа доминирала на натпреварот “Iloilo Schools Sports Council Meet” на кој освоила три злата во различни дисциплини – била прва во трките на 400, 800 и 1500 метри.

Фотографиите од нејзините стапала набрзо стигнале и до главниот тренер на еден професионален тим од Филипините. Џеф Каријасо, тренер на кошаркарската екипа “Alaska Aces”, ги замолил своите следбеници на Твитер да му помогнат да ја пронајде младата атлетичарка.

За помалку од два часа, Каријасо ги добил деталите кои ги барал и ја контактирал Реа и нејзиниот тим, а и многу други корисници на социјалните мрежи искажале желба да му помогнат на младото девојче.



83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum