(ФОТО) Провладините медиуми веќе бараат причина за одлагање на изборите по малиот рејтинг на СДСМ

Провладините медиуми, до вчера, како да имаа заборавено на вирусот Ковид 19, па се беа насочиле кон промоција на СДСМ и БЕСА, а паралелно ја исмеваа кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во која се презентира исправување на кичмата која Зоран Заев ја свитка кај Нивици-Преспа.


Но, секогаш има едно НО. Анкетите излегоа, а тие, и според очекувањата се покажаа негативни за владата, со тенденција, таа разлика да се зголемува уште повеќе. По излегувањето на анкетите, бележиме, како одеднаш да се врти вниманието кон граѓаните и она што опозицијата веќе со месеци го зборува, а тоа е дека: поважно е здравјето на граѓаните, а не изборите.


Одеднаш, провладините медиуми, почнаа да го спремаат теренот за бекап варијанта во случај наредното мерење на рејтингот, за десетина дена, покаже поголем минус. Го припремаат теренот за веднаш да предложат одложување на изборите, поради големиот број на заболени од Ковид 19.


Да не се разбереме погрешно, ние еве уште денес ги повикуваме институциите Претседател, Влада и ДИК, да размислат за одлагање на изборите во вакво време во кое имаме секој ден над 10% позитивни резултати на вкупниот број тестирани со тестот за Ковид 19.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum