ФОТО: Навивачот кој сам ги испрати фудбалерите ги пречека сам во Приштина!

Фудбалската репрезентација на Македонија слета на аеродромот во Приштина поради густата магла во Скопје и имаше пријатно изненадување. Таму ги пречека популарниот Кипре, кој сам ги испрати на заминувањето за Грузија. Тој сам ги пречека и во Приштина, а даде подароци и на експедицијата на нашиот национален тим. Штета што на стадионите нема навивачи, па љубителите на македонската фудбалска репрезеентација мора да се снаоѓаат вака да им се заблагодарат на фудбалерите. Кипре е еден од најверните следбеници на македонската фудбалска репрезентација, но и на останатите спортови и зад себе има многу патувања на големите натпреварувања.

извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum