(ФОТО) Љупчо Палевски: Димитров со оставката призна дека народот не сака промена на име

Македонскиот бизнисмен Љупчо Палевски на својот Фејсбук профил јавно го изјавува своето незадоволство од актуелната политичка елита. Пред неколку часа, тој ја објави оставката на министерот на МНР, Никола Димитров, каде се појави по социјалните мрежи пред две години по неуспешниот референдум за промена на името.


#Камаради,

Борбата за имево не е ниту лесна, ниту брза, но немаме избор. Нашиот непријател се Атлантистите кои ја владеат политичкава елита во комплет, глобалисти кои го инсталиураа Заев, инсталираа луѓе кои не се ниту ДПМНЕ ниту СДС, луѓе прислужници, лажни луѓе во нивна функција.

Но,.... изминативе две години, борбата за спас на името не е залудна, не е за бадијала, а како доказ Ви ја презентирам ОСТАВКАТА на#Димитровкој своерачно признава и е дециден ДЕКА ВОЉАТА НА НАРОДОТ Е ЈАСНА и дека одговорноста за таквиот исход на референдумот делумно е негова.

Црно на бело признание од Атлантистиве за нашата победа, за КРИМИНАЛОТ и ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО што го направи Зоран Заев, брутално суспендирање на воља на народот, на правото, на правдата.

Докази имаме, признание имаме еве го вечерва токму од тој што го договори но и го ПОТПИША криминалниот договор, одроден Македонец, врховист од семејството Димитрови.“ - стои во објавата на Палевски на својот Фејсбук профил.


29060043_2016680208590936_36926234558838