[ФОТО] КОГА ЌЕ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ДЕВИЈАНТНОТО ВОЗЕЊЕ ПО БУЛЕВАРИТЕ И ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО БИТОЛА!

Во текот на денот неколку наши читатели ни испратија фотографии и сведочења од Битола за девијантно возење по битолските улици каде што им бил загрозен животот од автомобили кој се движеле со поголема брзина од дозволената, но се чини дека тоа не е се денес имаме и нов шампион од Битола кој се возел во тревникот пред Домот на Културата во Битола.

Граѓаните се вознемирени и прашуваат, што прават службите задолжени за јавен ред и мир во градот?
Дали вработените во Градски паркинзи, ако се вработени по партиски клуч не треба да работат и да се грижат за возилата каде паркираат и како се однесуваат на јавните површини?
Дали градоначаничката на Општина Битола, Наташа Петровска во овие изминати години има решение за недостигот од паркинг простор во градот и како ќе се реши сообраќајниот хаос со блокираните улици во градот, исто граѓаните се љубопитни за тоа што работат службите и Јавните Претпријатија во Општината?

Одамна Битола го загуби приматот Град и се претвори во безлична Општина која не доликува на "Конзулски град", "Град на Културата" и "Историски економски, трговски, стратешки центар на балканот" за тоа некој треба да ПОНЕСИ ОДГОВОРНОСТ.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum