ФОТО: Балканот пишува за најважниот ден во историјата на македонскиот фудбал

Денес е денот кој ќе остане во вечно сеќавање на македонските фанови, ако фудбалската репрезентација успее да ја победи Грузија на патот до Европското првенство 2021.


За оваа голема шанса на Македонија се пишува на цел Балкан. Медиумите во Србија, БиХ, Црна Гора... посветија дел од своето време на нашиот национален тим и историскиот натпревар во Тбилиси.


Нашите репрезентативци првпат во историјата се толку блиску да изборат пласман на еден континентален собир. Остануваат уште 90 минути на гостувањето во Грузија, кое сигурно ќе донесе голем предизвик.


Досегашните соочувања со грузиските фудбалери за нашата селекција донесоа две реми средби. Да се надеваме дека првата победа ќе биде запишана на наша страна.


извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum