ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ И ДРУГИТЕ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ОСТАВЕНИ ВО ЗАБОРАВ – ВЛАДАТА НЕМА СЛУХ ЗА СПОРТОТ

Додека светот успешно се справува со Корона вирусот, во многу развиени држави веќе и бројот на заболени рапидно опаѓа, заедно со тоа веќе и претходните превентивни мерки се олабавуваат. Во многу развиени држави како што е Германија, Америка, но и веќе соседите Србија, Црна Гора донесоа решение за повторно отворање на фитнес центрите но и другите спортски објекти со посебни правила но не и кај нас во Македонија.


Владата нема слух кога е во прашање спортот, здравиот живот. Додека во многу држави веќе се направени студии каде што е потврдено дека зајакнатиот имунитет кај човекот сериозно ја зголемува отпорноста од новиот вирус на Ковид 19 кај нас како да сме заглавени во 19-20 век.


ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА РЕШИ ДА СЕ ОТВОРАТ КОЦКАРНИЦИТЕ – КАЗИНАТА И КЛАДИЛНИЦИТЕ


Како прв сет на олабавување на мерките во Македонија беше донесено отворање на Казината и Кладилниците со посебни мерки на претпазливост за ширење на заразата. Повторно Спортот никој не го споменува. Кај нас поважно им е граѓаните да се коцкаат наместо да го зајакнуваат имунитетот.


ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ВОДИ БОРБА СО УГОСТИТЕЛИТЕ

Додека ширум светот се отвораат угостителските објекти со посебни мерки на превенција од Ковид 19 кај нас сеуште се водат дебати кога и како да започнат со работа угостителските објекти, исто така се водат дебати кога да се отворат границите но никој повторно не разговара за спортот и фитнес центрите.


ГОЛЕМ БРОЈ ФИТНЕС ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ


Поради големиот финансиски притисок голем број од фитнес центрите каде што секојдневно се промовирање и унапредуваше здравјето на граѓаните се пред колапс и во разговор со голем број сопственици на фитнес центри истакнаа дека доколку се продолжи со ова темпо најверојатно и ќе мораат да затворат. Голем број на вработени во самите фитнес центри се веќе без работа оставени сами на себе.


Местата кои што секоја развиена држава ги промовира што повеќе да бидат искористувани од страна на граѓаните за зајакнување на имунитетот и телото воопшто кај нас како да сакаат да одмогнат, па граѓаните најпрво ги упатуваат во кладилница или казино.

Неодамна бодибилдинг федерацијата излезе со барање до Владата на Македонија за отворање на фитнес центрите со посебни правила и превентивни мерки но повторно наиде на затворени врати.


ДАЛИ МОЖЕБИ ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ЖИВЕАТ ВО СТАКЛЕНО ЅВОНО?

ДАЛИ МОЖЕБИ ГРАЃАНИТЕ НАЈПРВО СЕ УПАТУВААТ ДА СТАНАТ ЗАВИСНИ ОД НЕКОИ ПОРОЦИ СО ОТОВРАЊЕ НА КЛАДИЛНИЦИТЕ И КАЗИНАТА?


ДО КОГА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАНЕМАРУВА ПРАШАЊЕТО ЗА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА?


ДО КОГА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНИ ГЛУВА ЗА ГРАЃАНИТЕ И НИВНОТО ЗДРАВЈЕ?

Нас Граѓаните ни останува само да чекаме, надевајќи се дека и кај нас во Македонија ќе дојде некој кој што спортот ќе го стави на прво место!


Пред одредено време нашиот врвен спортист и сопственик на теретана Тоше Зафиров објави емотивно видео за ОПСТАНОКОТ НА ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ но и тоа остана НЕ забележано од страна на владата. Видеото ви го претставуваме во целост и можете да го погледнете подолу:

извор: portamk.wixsite.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum