Филипче: Заев е човекот кој генерации го чекаа и за него сонуваа!


Трогателно писание на социјалните мрежи на министерот за здравство Венко Филипче по денешните едногласни внатрепартиски избори во СДСМ. Филипче вели дека Заев бил човекот кој со генерации бил очекуван да се појави во Македонија.

-Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат. – напиша Филипче на Фејсбук.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum