Филипче: Со отворање на границите нема да се зголеми бројот на новозаразени

Mинистерот за здравство Венко Филипче изјави дека отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик.


Според Филипче, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Не може ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти – посочи Филипче.

На новинарско прашање во врска со можностите и условите здравствените работници да користат одмор, министерот Филипче истакна дека ќе се направи систем на автентична организација на секоја јавна здравствена установа.

Имајќи пред вид дека од почетокот на кризата здравствените работници деноноќно работат, ќе се направи соодветен распоред во секоја ЈЗУ бидејќи на здравствените работници им е потребен одмор но тоа нема да значи загрозување на работењето на јавните здравствени установ – одговори Филипче.

lider.com.mk
29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum