ФИЛИПЧЕ СМЕТА ДЕКА НЕ ТРЕБА НОВА ВОНРЕДНА

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека не е потребно продолжување на вонредната состојба, затоа што како што рече за воведување на рестрикциите како што е ограничување на движењето има можности да се воведат и без вонредна состојба.


„Вонредната состојба има повеќе аспекти, не само здравствени, во однос  на уредбите, функционирање на уредбите, мерките кои се донесоа, што се однесува да ви одговорам во однос на нашата активност имплементирање на мерките и можноста да има рестрикции во движењето и доколку се одлучи да се потребно, јас верувам дека нема да е потребно, а за тоа има можности и без вонредна сметам дека не е потребно продолжување“ , рече Филипче.

извор: vesnik.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum