Филипче: Следуваат санкции за оние кои го прекршиле планот за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, информираа вечерва од Министерството за здравство.

-Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира.

Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, истакна Филипче. Реакцијата на Филипче следува откако медиумите објавија дека секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник.


извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum