Филипче: Следниот чекор е целосно затворање и полициски час во Македонија!

Комисијата за заразни болести на владата ќе и предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ се ќе мора да биде затворено.


Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50% намалување на капацитетите во јавниот превоз.


„Ако овие мерки не дадат резултат, следниот чекор ќе биде полициски час“, најави Филипче на прес конфернецијата која се уште е во тек.


Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките за да не мора да се оди кон нивна дополнителна рестриктивност.


извор: kurir.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum