Филипче: Рано е за одлука за евентуален полициски час за Рамазанските пости

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека нема разлика на она што беше тренд претходно во однос на тежината на болеста Ковид-19 и околу тоа дали повеќе на удар од коронавирусот е помладата популација.

– Имаме заразени и во четвртата деценија, но и постари. Нема некоја значајна разлика, нагласи Филипче.

Според него, не може да се каже дека нешто е многу поразлично од тоа што беше пред неколку месеци заради присуството на британскиот вирус во овој бран.

На новинарско прашање дали размислуваат за полициски час, како и лани за време на Рамазанските пости, кои почнуваат во април, Филипче потенцира дека се уште е рано да се каже нешто околу ова. Тој изјави дека ќе ги имаат предвид и сите други големи настани што се ризик и каде би можело да има масовни собири, па ќе одлучуваат.



извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum