Филипче потврди: Немало лекарска грешка кај родилката на која и беа извадени органите

Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, дознава „Слободен печат“.


Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ ја потврди ваквата информација.

– Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.

Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum