ФИЛИПЧЕ: Пациент ако почине и од друга болест, а е позитивен на тестот за Ковид-19, апсолутно...

ФИЛИПЧЕ: Пациент ако почине и од друга болест, а е позитивен на тестот за Ковид-19, апсолутно го пријавуваме за починат од коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во ТВ Телма изјави дека една од причините за тоа што Македонија има висока стапка на смртност од коронавирусот е фактот дека ги пријавуваат апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19.

Сите тие, како што рече Филипче, влегуваат во статистиката починати од коронавирусот. -Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај, рече Филипче.


извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum