Филипче: Отворање на границите не предизвикуваат никаква опасност, свадбите и другите семејни...

Филипче: Отворање на границите не предизвикуваат никаква опасност, свадбите и другите семејни прослави се најопасни !!


Отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на попладневната посета на Клиничка болница-Битола.


Според Филипче, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.


-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Неможе ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, посочи министерот Филипче.


На новинарско прашање во врска со можностите и условите здравствените работници да користат одмор, министерот Филипче истакна дека ќе се направи систем на автентична организација на секоја јавна здравствена установа.


-Имајќи пред вид дека од почетокот на кризата здравствените работници деноноќно работат, ќе се направи соодветен распоред во секоја ЈЗУ бидејќи на здравствените работници им е потребен одмор но тоа нема да значи загрозување на работењето на јавните здравствени установ, одговори министерот Филипче.


За време на посетата на Клиничка болница-Битола, министерот беше запознат со работата на таа јавна здравствена установа, како и со стартот на новата лабараторија за анализи за вирусот Ковид-19 која работи во состав на Центар за јавно здравје-Битола.

shilomagazine.com.au

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum