Филипче ограничи собир на 4 луѓе, А ВО ЈСП ИМА НАД 40

отална дезориентација и хаос кај власта,  доколку се следат одлуките и состојбата поврзана со коронавирусот во Македонија. Ситуацијата веќе избега контрола, секој нов ден е црн за државава, а  владата и министерот за здравство, Венко Филипче носат контрадикторни одлуки префрлајќи ја  својата неспособност и вина единствено на граѓаните.


Очигледно дека владата и министерот Филипче не знаат како да се справат со ситуацијата, па оттаму сите контрадикторности и мерки направени без анализа, а донесени само затоа што ги виделе на телевизија во некоја друга држава.


Такви одлуки се последните мерки предложени од министерот Филипче и Комисијата за заразни болести кои сметаат дека граѓаните се единствените виновници за ескалацијата на состојбата и поради тоа донесоа нелогични, но и одлуки кои се спротивни на Уставот.

Имено, тие решија да предложат задолжителна маска дури и кога се движите сами надвор на отворено, игнорирајќи ги советите на епидемиолозите и експертите кои со недели објаснуваат дека тоа е невидена глупост. Но, можеби уште полош е другиот предлог, односно забраната за повеќе од четири гости во сопствениот дом, која доколку се прекрши се бара полицијата да интервенира. Тоа се коси со членот 26 од Уставот на Македонија, кој ја гарантира неповредливоста на домот, а полицијата единствено може да ви дојде дома само со судска одлука.


Додека од една страна носат такви одлуки, од друга страна замижуваат пред секојдневните гужви по автобуси, дозволувајќи корона кластери и игнорирајќи ги апелите на граѓаните кои бараат да се пуштат повеќе автобуси. Неверојатно како не им сметаат гужвите по автобуси, но им смета дома да ви дојдат петмина пријатели или роднини.


Уште една нелогичност во низата е одлуката за отворање на границите без PCR тестирање со Србија, Косово, Албанија и Црна Гора, земји кои Европската унија ги смета за небезбедни. Додека владата предводена од СДСМ вели дека ситуацијата е сериозна, во исто време отвора граници за небезбедни држави и свесно дозволува ситуацијата да се влоши.

Дополнително властите не ги спречија навремено гужвите кои се создадоа во одредени барови и дискотеки и дозволија прво да се случат гужвите и забавите, а потоа да реагираат. Наместо да направат анализи и план, тие решаваат да ги казнуваат граѓаните, во исто време додека покажуваат дека немаат контрола и свесно прават чекори кои дополнително можат да ја влошат ситуацијата со коронавирусот во Македонија.


извор: vecer.mk






29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum