Филипче: Ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините...

Филипче: Ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините да се пречекаат, складираат, дистрибуира а понатаму и да се аплицираат“, изјави Филипче.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител потенцираше дека здравствениот систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот.


„Може да кажам дека по сите три механизми реагиравме и комунициравме навремено и интензивно, најпрво со КОВАКС, пред некој ден имаше и најава од Светската здравствена организација дека првите дози вакцини може да се очекуваат на оние земји кои се спремни, a ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините да се пречекаат, складираат, дистрибуираат, а понатаму и да се аплицираат“, изјави Филипче.


Во гостувањето на Сител, тој информираше дека пристигнати се фрижидерите кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени.


„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.


Министерот Филипче истакна дека добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамиката како што беше најавено од овој производител.


извор: Сител shilomagazine.com.au

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum