Филипче доби црвен картон од Биба
Очигледно, и нивното пријателство и добрата соработка во изминатиот период ги разниша актуелната политика што ја води Филипче во врска со справувањето со корона вирусот. Полицискиот час од 80 часа за едни и оправданието за останатите што шетаат од типот на “тие секако ќе патувале и ќе ги почитувале мерките”, ја разлути Додева која најпрво му даде жолт картон, а потоа и сосема дигна раце од него.
Преку фејсбук статус иронично му се обрати и му се заблагодари за потценувањето на интелигенцијата.
“Пола Скопје надвор. Тоа е ок според министерот, нека шетаат граѓаните. Тие што седат дома и почитуваат полициски час се глупи бидејќи не знаат да носат маски, не почитуваат препораки и не мијат раце. Благодарам за просветлението. Имате право. Глупи сме.”

извор: veritas.mk