Филипче: Доаѓањето на кинеските вакцини во Македонија може да се пролонгира


Пристигнувањето на кинеските вакцини во земјава можеби ќе се пролонгира.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека здравствениот систем добро се справува со пандемијата. Вели дека има зголемување на бројот на заболени и не можат да бидат сигурни дали тоа е моментално или високите бројки ќе продолжат.

„Околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на коронавирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки. Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови“, вели Филипче.
Вели дека наскоро ќе има анализа за регионите во кои засилено се шири британскиот вид на коронавирусот, по што ќе се знае дали ќе има дополнителни рестрикции.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum