Филипче: Ако има потреба, единствено што следно може да се препорача е полициски час

40-те починати од ковид 19 повторно го отворија прашањето дали ќе има нови порестриктивни мерки.

Според здравствените власти починатите имале заболувања претходно, возраста , но загрижувачки е што има помлади пациенти кај кого брзо се влошила здравствената состојба.

Доколку има потреба ќе препорачаме дополнителни рестриктивни мерки. Единствено нешто што би можело да се препорача е полициски час, рече Филипче.

Министерот за здравство Филипче вели до крајот на неделата ќе се следи состојбата со приемот на болни, новозаразени и ќе се донесе одлука за можни рестрикции во движењето.

Досегашните мерки според министерот долнеле мало подобрување во однос на бројот на позитивни во однос на тестираните пацинти.

Министерот вели дека состојбата се влошува во болниците и ќе се намалува бројот на прегледи на мој термин и намалување на хирушките интервенции, бидејќи дел од овие оддели ќе бидат идни ковид центри.


извор: lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum