ФИФА\УЕФА ни ја прекрсти ФФМ: Фудбалска федерација на Северна Македонија потпишана од Грк (ФОТО)
Во официјален допис од ФИФА/УЕФА испратен до Фудбалската федерација на Македонија, освен името на нашата држава има направено измена и во името на ФФМ.
Иако федерацијата официјално не е преименувана, во овој допис сме напишани како Фудбалска федерација на Северна Македонија.
Генерален секретар на УЕФА, потпишан на дописот е Гркот- Теодоридис.


извор: kurir.mk