ФФМ со само еден збор го објасни значењето на Горан Пандев за тимот: БОГ!
Горан Пандев ја исполни својата главна цел и следното лето, сосема заслужено ќе игра со Македонија на Европско првенство. Капитенот на селекцијата во многу наврати нагласи дека сонот е да игра на големо натпреварување со реперзентацијата, па ако здравјето го послужи, целта ќе му се исполни.
На сите им е јасно какво влијание има Пандев врз своите помлади соиграчи, а Фудбалската федерација на Македонија со еден единствен епитет го објасни струмичкиот лидер на оваа селекција.
Објавата на Фудбалската федерација на Македонија:
избор: gol.mk