ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес манипулираат

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна дека до сега во Велес има вкупно заболени 137 лица, од кои 10 се починати.


– Денес ќе биде објавено дека има 4 нови позитивни велешани. Двајца од нив се членови на исто семејство, еден е припадник на граничната полиција, од оној случај во Гевгелија со странскиот државјанин, и еден е од градската болница во Скопје и кластерот е од таму, истакна Коцевски.


Пред малку на Фејсбук со конкретни бројки излезе и министерот за здравство Венко Филипче.


-Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67 – Куманово 19 – Штип 16 – Прилеп 4 – Тетово 9 – Велес 2 – Гостивар 1 – Неготино 1 – Струмица 1

Ако се споредат информациите кои ги сподели Филипче и Коцевски ќе се види неконзистентноста односно различните информации кои ги лиферуваат претставниците на власта. Министерот за здравство вели дека во Велес има 2 нови случаи на Ковид 19 додека во истиот ден градоначалникот на Велес вели дека во градот има 4 нови случаи. Логично се поставува прашањето дали власта ги лажира податоците и манипулира со бројките на новозаразени.


Да се потсетиме дека само пред два дена за прв министерството за здравство два пати во денот сподели бројки на новозаразени. Утрината од МЗ соопштија дека има 67 новозаразени, додека вечерта објавија дека бројката е 76 новозарзени. Опозицијата тогаш обвини дека власта си поигрува со човечки животи кои не се само бројки, а обвини и дека бројките се лажираат податоци за „новата нормалност“.

извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum