ФАКТОР ДОЗНАВА - и денес бројката на новозаболени ќе биде слична како вчера, меѓу 150 и 200

Фактор дознава дека бројките на новозаболени во изминатово деноноќие ќе бидат отприлика идентични како во текот на вчерашниот ден.


Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести.

Како што е познато, вчера беа регистрирани 180 новозаболени од коронавирусот, што е најголем рекорд откако изби епидемијата на КОВИД-19 во земјава. Од нив, 106 лица беа во главниот град Скопје. 


Во податоците што ги објави Институтот за јавно здравје се наведува и дека се чекаа резултати за 24 лица, што значи дека и тие можат да влезат во категоријата новозаболени ако се докаже дека се позитивни.


Министерот за здравство Венко Филипче рече дека можно е од понеделник повторно да нема полициски час, откако ќе заврши овој карантински викенд, но за тоа изрази резерва, нагласувајќи дека ќе мора да се изјасни и Комисијата за заразни болести, која ќе заседава утре или во понеделник наутро. 

извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum