Евpoпcки вpeднocти: Bo Швajцapиja забpaнeтo да ce говopи aлбaнcки дypи и вo канцелapиja


Слика објавена во албански портал panorama.com.al, пренесена и од некои други портали покажува транспарент со графички инструкции, од кои е очигледно дека во Швајцарија е дозволено да се зборува само швајцарски во канцеларија.


Според panorama.com.al, оваа слика им ја испратил читател.


Ова не би бил прв пат да се прикажат антиалбански транспаренти во Швајцарија.

Во 2001 година се појави постер од десничарската Швајцарска народна партија. На него се читаше едноставно „Косово-Албанер Неин“ или „Косовaри и Албанци не“.

Тоа беше кампања против јавното финансирање на центрите за интеграција на имигрантите од Косово.


Во текот на последната деценија, редовните кампањи на Народната партија, против имиграцијата или против релаксирање на строгите закони на Швајцарија за државјанство, беа насочени кон балканската заедница, а особено кон косовските Албанци.

Партиски постери ги обвинуваа за сè, од зголемениот криминал, до трговијата со дрога и падот на образовните стандарди.


И додека многу Швајцарци јавно изразија срам за ваквите отворени предрасуди, во приватноста на штандот за гласање, многумина ја поддржуваат партијата, гласајќи за ограничување на имиграцијата, па дури и забрана за минариња.


И има докази за посистематска дискриминација. Студиите на Швајцарската федерална комисија за расизам покажаа дека младите со балканско презиме имаат далеку помали шанси да добијат работа или пракса, отколку оние со швајцарски имиња.


Толку јасна беше поделбата што Цирих воведе регулатива со која се бара работодавачите да ги проценуваат апликациите за практиканство без да ги знаат имињата на кандидатите.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum