Европската унија ги отвора границите: За Мозамбик, Замбија, Бутан но не за Македонија

Официјалните лица во Брисел синоќа разговарале на кои државјани од странски земји ќе им биде дозволен влез во Европската Унија на 1 јули кога границите ќе бидат отворени.


Како што пишува Еуроњуз постојат две листи, едната на државјани од земји кои ќе бидат прифатени за влез во земјите од ЕУ и втора листа во држави на чии граѓани нема да им се дозволи влез.


Иако конечната одлука не е донесена и преговорите ќе продолжат и во текот на денешниот ден, Еуроњуз од официјални лица дознава дека на „НЕ“ листата се наоѓаат САД, Катар, Русија и Бразил каде бројот на заболени од коронавирус се уште е висок и секојдневно се зголемува.


За Македонија конкретно се уште нема податоци, но според досегашните информации земјава не е дел од листата на држави чии граѓани по отворање на границите ќе може слободно да влезат во државите од Европската Унија.

Неофицијалната „ДА“ листа:

извор: markukule.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum