ЕПИДЕМИЈА ОД КОВИД И КАЗНИ: МВР досега казнило 136.227 лица без маски и го наполнил државниот буџет

Секојдневно покрај бројот на новозаразени ги објавуваме и бројките на казнети лица за неносење заштитни маски во Македонија, чиј број е поголем од бројот на вкупно заразени од коронавирусот досега.


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Најмалку 1.360.000 евра влегле во државниот буџет од казни што граѓаните ги платиле за неносење заштита на лицето.


Од Министерството за внатрешни работи досега регистрирале 136.227 прекршоци по тој основ. Казната за неносење маска изнесува 20 евра, односно 10 евра доколку се плати во рок од осум дена. Тоа значи дека откако е воведена мерката досега граѓаните го збогатиле државниот буџет за износ меѓу 1.360.000 и 2.720.000 евра.


Граѓаните се со поделено мислење за тоа дали треба да се носи маска на отворено, но и за висината на казните.


Сепак, за време на пандемијата во буџетот се слеале многу повеќе пари од казни за непочитување на превентивните мерки, на пример, групирање, непочитување на решенија за изолација, прекршување на полицискиот час итн. Токму за непочитување на забрана за движење од МВР регистрирале 5.414 прекршувања, за кои потоа Обвинителството и судовите ја одредуваат висината на казната, која може да изнесува и над 1.000 евра. Сумата која влегла во буџетот по овие основи не е позната.


извор: denesen.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum