Емилија Динева е херојот! Нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Емилија Динева загина во трагична несреќа, нејзиното срце и бубрези спасија три животи. Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Од семејството на Динева за порталот Читај.мк порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Оваа вест може да се забележи на социјалните мрежи.


-За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… Прерано не напушти… Emilija Dineva твоето срце душо продолжи да чука…, напиша Здравка Шурдоња.

извор: velesdenes.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum