Експлозија и пожар во Железара, засега нема повредени

Силна експлозија утрово се слушнала од фабриката „Железара“, а кусо по експлозија избувнал и пожар, пренесе а1он. Очевидци велат дека експлозијата и пожарот се случиле во погонот енергетика и досега не се пријавени повредени.

Експлозијата веднаш била пријавена во МВР од каде, неофицијално, веќе се испратени екипи на терен.

Силната експлозија се слушнала и во соседните населби. Татнежот предизвикал паника меѓу жителите на Чаир, Автокоманда и Бутел. Граѓани и од овие населби ја пријавувале експлозијата.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum