ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО- Полицијата и ЕБР со штитови и пендреци го растураат карневалот во Вевчани!

И покрај тоа што Вевчанци маскирани и во голем број излегоа на улиците за да останат доследни на традицијата, пристигнаа првите видеа на кои се гледа дека полицијата е распоредена да ги прекине сите активности поврзани со карневалот.

Во минатиот период, надлежните неколкупати апелираа да нема собири со цел заштита на населението од ширење на коронавирусот, но истото е очигледно дека не ги спречи жителите на Вевчани да продефилираат низ улиците на градот.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност. Традиционално карневалот почнуваше со дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum