Ексклузивно: Писмото кое Бајден му го напишал на Тито

Кандидатот за претседател на демократите, Џо Бајден, бил избран за сенатор на државата Делавер во 1973 година, и наскоро станал член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

37-годишниот Бајден, како член на Комитетот, ја посетил Југославија кон крајот на 1970-тите за да присуствува на погребот на познатиот југословенски комунист Едвард Кардељ.

Во оваа прилика, во 1979 година, Бајден испратил писмо до претседателот Јосип Броз Тито.

Почитуван господине претседател, Би сакал уште еднаш да ви се заблагодарам како член на американската делегација за дарежливата гостопримливост за време на мојата неодамнешна посета на Југославија по повод церемониите посветени на тажната смрт на Едвард Кардељ. Ми беше убаво што ме примивте и уживав во нашата размена на ставови. Се надевам дека ќе можам повторно да ја посетам вашата убава и интересна земја во некоја посреќна прилика “, напиша Бајден во своето писмо до Тито.

Во писмото, Тито беше насловен како „Ваша екселенцијо“ и „Маршал Јосип Броз Тито“.

Бајден е кандидат на Демократската партија, која не е многу пријателски настроена кон балканот. Останува да видиме дали политиката на претходните администрации ќе продожи и доколку Бајден стане претседател или пак ќе се заземе сосема поинаков пристап кон состојбите на Балканот.


За разлика од Бајден, Доналд Трамп докажа дека е решен да ја насочи надворешната политика кон воспоставување мир во светот, што можеше да се види во нашето соседство, преку историскиот договор постигнат помеѓу Косово и Србија.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum