ЕКСКЛУЗИВНО: Министри и функционери во Македонија се вакцинирале преку ред!

До сега во Македонија употребени се само 3.000 вакцини што не става на светското дно по процент на вакцинирани луѓе. Радио Лидер дознава дека дел од овие вакцини се потрошени на вакцинирање преку ред на министри и високи функционери на власта.

Иако вакцините беа првенствено најавени како наменети за доктори и здравствени работници, Радио Лидер дознава дека се случила вакцинација преку ред на министри, директори од власта и пратеници.

На редакцијата и се познати имињата на оние кои се вакцинирале, но, информацијата е од класифициран карактер и доколку ја објавиме оваа злоупотреба ќе значи дека повторно ќе се води судски процес против компанијата и главниот уредник.

Власта намерно листата ја стави како класифицирана информација, за да се избегне објавување на имињата.

На листата на вакцинирани, иако не се доктори, има најмалку тројца министри, двајца пратеници и неколку директори на државни компании.

Со овој чин власта ги ставила во ризик докторите кои секојдневно се во првата линија на борба против вирусот, тие ќе чекаат на вакцини на сметка на овие државни фунционери.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum