Екс пратеничка на СДСМ распали по шефот

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Ивана Туфегџиќ распали на фејсбук по денешното интервју на премиерот Зоран Заев, кој за бугарската БГНЕС изјави дека Бугарите ја ослободиле Македонија од фашистите, додека југославија во постовениот периот ја држела Македонија настрана од Бугарија.


Туфегџиќ посочи дека изјавата на Заев носи повеќе штета отколку корист за земјата и дека ги руши сите напори на историската комисија.


Изјави за странски медиуми како на премиерот Заев носат повеќе штета од корист. Прво со наведување дека Бугарија “имала тука некаква администрација” се рушат сите напори на историската комисија. Второ “Бугарија ни е пријател, ама Југославија не делела” е навод кој оди во насока на глупостите на Захариева дека не можеме во ЕУ, ако го славиме Тито (небаре Словенија и Хрватска имаа свечено откажување од Тито пред да влезат во ЕУ).Трето црвената линија морал да ја посочи премиерот во интервјуто, а тоа покрај јазикот, е антифашистичката борба. Антифашистичката борба е силно втемелена во македонската државност и тоа по ниеден основ не смее да се негира.И последно премиерот морал да запраша каква е позицијата на ЕУ(и ова мора да биде предмет на разговор) кон ревизионизмот кој го покажува Бугарија. Таков ревизионизам ако е толериран, тогаш фашизмот е пожив од било кога. Вакви интервјуа ги рушат и напорите на бугарската интелектуална јавност против официјалните бугарски позиции.Најпоследно, едно е Претседателот и Премиерот да имаат различни мислења, ама сосема нешто друго е Премиерот да го омаловажува искуството на Претседателот, било каде, а посебно за странски медиум.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum