Еколошките и комуналните проблеми на Баирот во Битола - "Ескалираат!"


Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола ЗЕЛЕНАТА страна на БИТОЛА. · Еколошките и комуналните проблеми на Баирот ќе стануваат уште поголеми, доколку се продолжи со нивно игнорирање од страна на надлежните институции.

Каналот за прифаќање на поројните води, кој денес во еден дел беше запален, е проектиран пред 40 год. за заштита од поплави, кал и земја која за време на поројни врнежи се слева од Баирските ридишта до центарот на градот (види видео);

Геосфера-Битола на 15.10.2020 год. побара од ЈП Нискоградба (под чија надлежност е одржувањето на каналите) да го исчисти каналот, бидејќи истиот е целосно потрупан со отпад и не ја обавува функцијата за која е изграден (види слики), а преку споредба на сателитските снимки на Google Earth констатиравме дека каналот не е исчистен од 2016 год. - сеуште немаме одговор на барањето;

На 29.9.2020 год. поднесовме граѓанска иницијатива до Советот на Општина Битола за решавање на еколошките и комуналните проблеми во населбата Баир, со соодветни предлози - нема одговор;

До ЈП Комуналец понудивме донација за поставување на контејнер со капацитет од 5 m3 на локација кај каналот за да можат жителите соодветно да го депонираат отпадот, но и во иднина, доколку се исчисти каналот да не се потрупи со отпад - одговор: не работеле со такви контејнери, без никаков друг предлог.

На најсиромашното население на Баирот им поделивме триесетина алатки за соголување на кабел за да не ги палат каблите, со што, ќе се намали аерозагадувањето и побаравме да се организира откуп на ПВЦ гумата од каблите за да ги стимулираме луѓето за селекција на отпад - нема интерес ниту од Општина Битола, ниту од ЈП Комуналец.

Потребно е и поажурно работење на инспекциските служби и организирање на патроли кои ќе го казнат несовесното население.

Доколку брзо не се разбудат сите во градот, палењето на каналот ќе биде секојдневие, и не дај Боже да ни се случи уште едно „Стајковци“ како при невремето во Скопје, па неисчистениот канал да предизвика поплави во Бадембалари!

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum