Еди Марфи откри зошто го напуштил актерството цели шест години

Актерот Еди Марфи беше гостин во емисијата „WTF with Marc Maron“, каде објасни зошто повеќе од шест години не сме го виделе во нови улоги на големите екрани и мали екрани.


„Направив по**ани филмови“, рече тој, осврнувајќи се на низата лоши критики за себе, што во 2010 година му ја донесе наградата за најлош актер во деценијата.


„Можеби е време да направам пауза“, рече тогаш Марфи.


Тој додаде дека првично планирал да престане да глуми само една година.

„Одеднаш поминаа шест години, а јас седам на каучот“, рече актерот.


На крајот, тој решил да се врати во актерството кога сфатил какво ќе биде неговото наследство доколку не продолжи да глуми.


Најавил три филма во кои ќе глуми, како и неговото враќање во стенд – ап комедијата, кое го планирал да го оствари и порано, но пандемијата го спречила во тоа.


извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum