Џулијани: Бајден гласал за себе 5 000 пати

Поранешниот градоначалник на Њу Јорк и член на правниот тим на Доналд Трамп, Руди Џулијани, предупредува на голема изборна измама.


Џулијани во својата изјава исфрли некои сериозни обвинувања кон Демократската партија, како на пример дека помеѓу нивните гласови би нашле гласови на луѓе кои се веќе починати, дека постојат гласови поднесени од „фантоми“, односно лица кои не постојат, но и дека кандидадот на Демократите Џо Бајден можеби гласал за себе 5000 пати.


Конечните резултати се уште не се официјално објавени, но постојано сме сведоци на обвинувања и префрлања помеѓу партиите за изборен фалсификат. Првичните резултати би требало да бидат познати до доцна вечерва, со можно пребројување и тужења кои би траеле и неколку денови подоцна.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum