ДВЕ НОВИ ПАТАРИНИ: Патувањето од Скопје до Штип наместо 40 ќе чини 160 денари во еден правец

Две нови патарини ќе „никнат“ на автопатот Скопје-Штип. Нивната изградба, според најавите, треба да стартува во текот на следниот месеци и едната, во Преод, ќе чини 50, а во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од 47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објавува Сител.


Ќе се модернизираат и петте постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека засега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.


Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира патарините.


Инаку, ковид пандемијата негативно се одрази и врз приходите на Јавното претпријатие. Според финансиските извештаи, во вториот квартал тие биле за 60% пониски отколку во 2019 та, а во месеците јули, август и септември, поради промашената туристичка сезона и затворените рампи во Грција, падот е скоро 70 отсто. Патишта за цела година очекувале да соберат скоро 49 милиони евра, само од користење на автопатите, но за трите квартали наплатата достигнала едвај 27,8 милиони евра.



извор: vecer.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum