Двајца мртви мажи пронајдени во своите домови во Скопје

Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа“. Се работи за С.А.(44) од Скопје.


Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.


Исто вчера во 20 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.“Маџари“.


Се работи за И.Ј.(43) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.



извор: fokus.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum