Душко Попов најуспешниот шпиун во текот на Втората светска војна и инспирација за фимот ЏЕЈМС БОНД


Шпиун, женкар, филмски симбол и фатален агент со “дозвола за отстранување”…

Бонд, Џејмс Бонд е еден од најголемите британски симболи на популарната култура.

Поади книжевниот лик на Јан Флеминг се кријат луѓе кои навистина постоеле, а тоа е Душко Попов.


Во светот на елитната шпиунажа, интригите, и вистинските тајни агенти за кои малку се знае, едно име сепак редовно се спомнува и наведува како пример – Душко Попов.

Тој бил најуспешниот шпиун во текот на Втората светска војна, двоен агент на кој му верувале и Черчил и Хитлер, и веројатна причина за познатиот агент 007.


За германците тој бил “Иван”, за Британците “Трицикл”


Роден во Тител во богато семејство, тој живеел во центарот на Белград, но неговото семејство во триесетите години се преселилло во Дубровник. Тој ги посетувал најдобрите училишта, а во 1936 година заминал во Фрајбург да студира право. Тука го запознал Јохан (Џони) Џебсен – човек кој ќе му стане најдобар пријател, но и засекогаш ќе му го промени животот.


Душко Попов течно зборувал италијански, германски, француски и англиски јазик. Ги презирал нацистите и со згрозување го гледал нивниот успон кон власт и подоцна дискриминацијата која ја вршеле над Евреите. Сепак, на почетокот на 1940. година, кога Втората светска војна веќе траела, но Југославија се уште успевала да остане неутрална, токму Џебсен го повикал да се приклучи германската разознавачка служба.


“Душко бил изненаден и вчудоневиден бидејќи знаел дека Џони е против нацизмот. Мислам дека Џони му рекол нешто клучно:’Најдобриот начин некој да се победи, е да се биде во таа екипа”, раскажал Марко Попов, син на тајниот агент во документарниот филм “Тајната војна: Двојниот агент Трицикл”.


Сепак, планот на пријателот на Душко бил многу посмел отколку што изгледал – тој предложил да стане “двоен агент”, кој би работел за германците, а всушност ќе собира информации за сојузниците. И така е роден тајниот агент Попов. За германците имал кодно име “Иван”, за британците “Трицикл”.

Хувер знааел за планот за напад на Перл Харбор


Животот на Душко Попов бил живот полн со опасност, на релација Лисабон (кој бил седиште на европската шпиунажа во тоа време) – Лондон (каде на Британците редковно им поднесувал извештаи за германски планови и добивал лажни информации кои требало да им ги подметне на Рајхот). Некаде во таа комуникација, Попол дошол во посед на неверојатен податок – Јапонците во 1941. година се интересирале за можно полетување на бомбардери од носач на авион, а тој од германците добил задача да замине во САД и да собере информации за пристаништето Перл Харбор.


Попов ги склопил коцките и веднаш по доаѓањето во Америка заминал во седиштето на ФБИ и им кажал дека јапонците ќе го нападнат Перл Харбор. Сепак, неговите предупредувања не биле сфатени сериозно.


“Хувер на повеќе начини бил неверојатен човек. Веројатно бил хомосексуалец, ги мразел странците, а поготово Душко. Тој мразел се во врска со Душко”, вели Расел Милер, британски автор и новинар.


Поради наведеното, приемот на Попов во ФБИ бил студен, а во неговата приказна Хувер не поверувал. Неколку месеци подоцна, на 7. декември 1941. година, веројатно се каел. До крајот на војната, Попов успеал од германците да извлече преку 2 милиони долари во денешна вредност, за потребите на тајната мрежа на нацисти во Британија, која всушност не постоела.


Исто така, неговата улога во “Д Ден” била клучна. Тој успеал со лажни извештаи да го оттргне вниманието на нацистите од Нормандија на надуваните тенкови и лажни воени трупи стратешки распоредени на другите делови од брегот. Оваа акција се нарекува “Фортитјуд”.


Вистинскиот Џејмс Бонд?


Легендата за Џејмс Бонд веројатно настанала во коцкарницата на хотелот “Паласио” во Лисабон. Агент на британската тајна служба задолжен за следењето на Попов гледал како србинот вложува 80.000 долари (околу 640.000 долари во денешна вредност) за да го натера противникот да се откаже. Тој агент бил Јан Флеминг, а неговиот прв роман за агентот 007 се нарекувал “Казино Ројал” и ја содржел идентичната сцена.

Вистинскиот агент Попов имал и други сличности со својот измислен двојник – обожавал пијалоци, скапи автомобили и пред се – жени.

Едно време, бил во врска со познатата француска актерка и убавица од тоа време, Симон Симон. Кога Јан Флеминг се прославил со своите романи за тајниот агент во “служба на нејзиното величество”, магазинот “Паблишер Викли” напишал: “Тој шармантен, млад југословенски плејбор кој му послужил како пример на Јан Флеминг да го создаде ликот на Џејмс Бонд, бил неверојатно смел и успешен”.


Сепак, самиот Душко Попов бил нешто повоздржан, а во една прилика во интервју за Џејмс Бонд изјавил: “Не би го навел неговото име, но го викаа Трицикл”.


По завршувањето на војната, Попов престанал активно да се занимава со шпиунажа. Живеел како и целиот живот – екстравагантно и гламурозно. Се женел два пати и добил четири синови. Пред крајот на животот ги напишал мемоарите “Шпиунажа и контрашпиунажа”. Неговото сведоштво за Перл Харбор предизвика остри полемики во Америка каде ФБИ се обидел да го забрани печатењето. На 10. август 1981. година во 68. година од својот живот, во Лондон, починал еден од најголемите шпиуни на Втората светска војна…Попов…Душко Попов.


извор: onlinenewspapers24.com


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum