Дурловски: Доста не лажевте доста не понижувавте, ние заслужуваме повеќе

Носителот на изборна единица 5 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија “ Игор Дурловски вечерва од Битола порача дека ВМРО ДПМНЕ ќе се бopи за промените во државата да се случат затоа што се работи за иднината на идните поколенија.


„Вечерва пред вас се обврзувам дека ќе се боpам, за промени кои мора да се случат. Се обврзувам дека ќе се бopaм за обнова на Македонија која е повеќе од потребна. Се обврзувам дека нема да се откажам и дека ништо нема да ме поколеба затоа што се работи за Македонија. Затоа што се работи за иднината на нашите поколенија на нашите деца„ истакна Дурловски.


Дурловски како носител на изборната единица 5 на ВМРО- ДПМНЕ кажа дека СДСМ во изминатите три години не реализираа ништо од тоа што ветиле и дека државата на чело со нив се дави во непотизам, kpиминал и економија на коленици но дека тоа ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија “ ќе го промени сето тоа.


„Се прашувам дали ги паметите билбордите со кои не убедуваа да гласаме на референдумот на кој не прашуваа едно за да спроведат друго. Бесплатно здравство се прашувам каде е тоа бесплатно здравство, каде е тоа како состојба кое ни се ветува, не продадоа, не разнебитија. Видовме само беcкрупулозна злoyпотреба на власта коpyптивни сkандали, рekет во монументални димензии, рeваншизам, нeпотизам, колабиран здравствен систем, економија на коленици. Видовме се и сешто од таа дистанца време е да кажеме доста е. Доста не лажевте доста не понижувавте, ние заслужуваме повеќе и можеме повеќе. Не сте кадарни да водите држава. Имајте доблест оставете им го тоа на подобрите“ појасни Дурловски.


Како носител на изборна единица 5 Дурловски од Битола потенцираше дека сите граѓани како и битолчани заслужуваат многу повеќе и дека ВМРО ДПМНЕ има јасна стратегија, визија и проекти како да оствари економска сигурност, владеење на правото, подобро образование, модерно здравство и многу други проекти кои се содржани во програмата Обнова.


„Драги пријатели Битола заслужува повеќе, многу повеќе. Ќе работиме заедно за да креираме квалитетен живот за сите ќе реализираме проекти кои ќе ни донесат економска сигурност владеење на правото, квалитетно образование и модерно здравство. Културата ќе биде еден од нашите приоритети, ќе го вратиме сјајот на градското јадро, чаршијата и уште повеќе ќе ја промовираме онаа отворена, срдечна, достоинствена Битола која отсекогаш фасцинирала и привлекувала. Ќе ја сочуваме и ќе ја развиеме во овој глобален свет“ додаде Дурловски.


Дополнително Дурловски кажа дека младите се исто така во главниот фокус на програмата на ВМРО ДПМНЕ и дека идните генерации се тие што ќе бидат столбот на државата која треба да оди исправена достоинствена и економски просперитетна.


„Младите ќе ги привлечеме и анимираме и поттикнеме на нови или пак негување на старите вредности кои ќе имаат европски призвук. Но, сето тоа мора да почива и биде засновано на нашата традиција на нашата историја. Нашите посебности во секој домен се и наши вредности со кој ќе чекориме кон Европа. Македонија со векови градела и придонесувала во тие цивилизациски процеси. Македонија тоа и ќе продолжи да го чини но не свиена стуткана и понижена туку исправена горда со визија за иднината.


На крај Дурловски ги повика граѓаните да излезат на 15 јули и да ја победат малодушноста која владее овие три години на чело со СДСМ за да дојде обновата на Македонија.


„Браќа и сестри време е да ја победиме малодушноста, да си ја земеме судбината во свои раце. Да си ги вратиме вистинските вредности. Обновата доаѓа. Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее ВМРО ДПМНЕ нека ни е вечна Македонија“ дополни Дурловски.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum