ДУИ: Административците вработени со средно, добија можност за напредок во кариерата

СООПШТЕНИЈА

Од вчера (први јуни) стапи на сила Законот за административни службеници со кој ја олеснивме можноста за унапредување на државните службеници, а кој исто така подразбира и прифаќање на високото образование за сите државни службеници кои се примени на работа со средно, а во меѓувреме завршиле факултет, порача на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Како што рече тој, со оваа измена на сите државни административци кои работат на работни места со средно образование, а во меѓувреме, до усвојување на Законот имаат завршено високо образование, ќе им се признае, односно ќе им се вреднува високото образование.

„По овој повод да им честитам и им посакувам успеси на сите државни службеници за понатамошно развивање и унапредување во кариерата“, истакна на пресот Авзиу.

извор: makfax.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum