Дpжавниот apxив бapa "БИОЛОГ" за paбота вo cмeткoвoдcтво

Продолжува полнењето на јавната и државната администрација со партиски војници, покажуваат најновите објавени огласи за вработување во повеќе институции. Имено, станува збор за вработување во Владата, поточно Секретаријатот за законодавство кој вработува 3 државни службеници на позицијата помлад соработник за странски инвестиции, за добро од општ интерес концесии и јавно приватно партнерство на минерални суровини и вода, како и помлад соработник за земјоделство и животна средина, а нето платата за овие позиции е 20.990денари.

Втор оглас за вработување има објавено Инспекторат за употреба на јазиците при Министерството за правда, и тоа на позициите раководител на одделение за информатика со нето плата од 29.693 денари, понатаму еден државник на позицијата советник за превод и лекторирање со нето плата од 26.253 денари, раководите на одделение за инспекциски надзор за примена на законот за употреба на јазиците со нето плата 29.639 денари и еден советник за инспекциски надзор за Скопје со нето плата од 26.253 денари.

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува оглас за вработување на 11 државни службеници на разни позиции од раководител, советник, неколку помлади соработници и тоа со нето плата од 22.026 до 29.694 денари.

Оглас за вработување објавува и Државниот архив на Република Македонија за вработување за 4 позиции и тоа еден раководител на одделение, еден помлад соработник за средување и обработка на архивски материјали, еден помлад соработник за сметководствено работење, како и еден помлад соработник преведува за странски јазици. Нето платата со која ќе бидат платени пвие лица изнесува од 29.693 денари до 22.025 денари.

Се поочигледно е дека власта продолжува со трендот полнење на државната администрација со партиски активисти, а за тоа е доволен доказот што на огласот за вработување во Државниот архив на позицијата помлад соработни за сметководствено работење во Секторот за финансиски прашања се бара лице со завршени студии Биологија. Појасно е дека во последните 4 години нема работа без политичко влијание, а премиерот Заев кој ветуваше професионална администрација, полека но сигурно создава партизирана администрација и гласачко тело.



извор: infomax.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum