Државата ќе плаќа по 100 евра од ден по пациент на новиот ковид центар „Мала Богородица“ на Камчев

Започна медицинското опремување на новиот ковид центар сместено во поранешната болница Мала Богородица-Систина. Во тек е се подготвува и на техничката документација за станица за кислород која ќе биде поставена надвор од објектот со цел опслужување со кислород на пациентите кои ќе бидат хоспитализирани, објаснува директорорката на инфективниот оддел во Воена болница , Каламарас , која што е со двојно вработување и во Систина.


„Новиот Ковид објект ќе биде еден вид јавно приватно партнерско здравство, ќе учествуваат дветете најголеми приватни болници, Систина, Жан Митрев и Ремедика. Веќе е во тек формирање на координативно тело кое што е од страна на Министерството за здравство и кое што практично ќе ја има главната улога како во одлучување за прием на пациенти, за нивна тежина, за терапија, а ние како приватни болници ќе учествуваме со персонал, со комплетна опрема, со исхртана, со лекови и со заштитни материјали“, посочи Патриција Каламарас.


Според информациите од „Аџибадем Систина“, капацитетот на „Мала Богородица“ e 100 болнички легла, а освен просторот, на располаѓање ќе биде ставена и медицинската опрема и кадар. Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за оваа намена, според утврдениот ценовник од ФЗО изнесува 100 евра од ден по пациент, иако, како што велат од Ситина, трошоците за тоа се доста поголеми.


Со ковид-центарот во поранешна „Мала Богородица“ ќе менаџира Министерството за здравство, односно државата, кои ќе одлучуваат кои пациенти ќе се третираат тука и каква терапија ќе добиваат


„До сега тоа се уште не е искристализирана одлуката, начелно ќе бидат примени меѓу лесно и средно тешки пациенти. Се што ќе биде изразено со тешка клиничка слика, ќе биде најверојатно хоспитализирано во болницата 8 ми Септември и на клиниката за инфективни болести“, истакнува Патриција Каламарас.


Во овој ковид-центар ќе работат 5 доктори, 30 медицински сестри, 8 болничари и друг медицински персонал. Најмногу кадар ќе обезбедат „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“, додека двајца доктори ќе назначи Министерството за здравство.


извор: mk.tv21.tv

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum