ДРАСТИЧЕН ПАД НА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ


Дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во техничката влада задолжена за спроведување на предвремените парламентарни избори ги изнесе неповолните податоци и бројки кои што сите граѓани ги осеќаа во изминатите три години на јавна сцена во државата.


Преку изнесените бројки кои се јавно достапни може да се видат катастрофалната реализација на буџетот на владата за патна инфраструктура во времето на актуелната влада предводена од СДСМ споредено со годините пред тоа во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ.


“Почитувани,

Во изминатиов период сме сведоци на постојано несоодветно информирање на јавноста за начинот на реализирање на ветувањата од страна на оваа влада во заминување, особено во делот вложување во патна инфраструктура.


Па така во 2016 година, оваа влада ветуваше дека: „Уште во првите 2 години од мандатот ќе вложат 600 милиони евра за изградба на патишта. Воедно, ќе ги зголемат средствата за одржување на патиштата.“

Нивните резултати ние денес јавно ги објавуваме, а вие почитувани граѓани може да ги погледнете преку алатката Отворени финансии.


Да не заборавиме 2017 година е година во која се реализираа проектите на ВМРО – ДПМНЕ, а за следните две години од мандатот на СДС и сами може да заклучите колку се далеку од ветувањата што ги дадоа пред вас.


Дали и кој може понатаму да им верува?”

-напиша на фејсбук Гордана Димитриеска Кочоска.








извор: bregalnicki.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum