Директорот на ФЗО бара советник со ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, ќе се менува систематизацијата

Фондот за здравствено осигурување бара советник на директорот за административна поддршка со услов за завршено ликовно образование.

„Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“, стои во огласот. Директорот на ФЗО Фатон Ахмети за „360 Степени“ изјави дека огласот е во согласност со систематизацијата за вработувања од 2019 година и не можело да биде објавен со поинакви услови од веќе однапред определените.

-Според изменетиот Правилник за вработувања во институцијата, систематизацијата е од октомври 2019. За ова работно место предвидени се трите професии : Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент) и должни сме да го објавиме огласот со оваа систематизација – вели Лимани.

Вицепремиерот Љупчо Николовски, пак, најави дека има нелогичности во огласот на ФЗО и воедно најави дека се работи на измени во постоечката систематизација.



извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum