ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП САЊА ЛУКАРЕВСКА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ДЕЛ ОД РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска е позитивна на КОВИД-19. Лукаревска денеска на својот фејсбук профил објави дека се тестирала поради работните состаноци кои ги имала со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири,, кој вчера објави дека има коронавирус.


„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска.


Лукаревска вчера заедно со премиерот Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници од втората изборната единица имаа работен состанок и прес-конференција во Куманово. Потоа Лукаревска, Спасовски и останатите кандидати за пратеници делеа заштитни маски на граѓаните низ градот.


Од денеска во самоизолација поради контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој вчера објави дека има коронавирус, се министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска. Двајцата на фејсбук профилите напишаа дека минатата недела имале партиски состанок со Зекири, на кој биле на пропишаната дистанца и носеле заштитна опрема. Сепак, согласно епидемиолошката анкета двајцата ќе бидат во самоизолација до 9 јуни.

„Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома“, напиша Царовска на фејсбук.


извор: infomax.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum