Директорката на МЕПСО: Струјата не треба да биде социјална категорија и мојата сметка е поскапена

МЕПСО нема да го повлече барањето со кое Регулаторната комисија за енергетика ја поскапи цената на струјата за 7 проценти. Од државната енергетска компанија која раководи со преносот на електричната енергија велат дека добиле минимално покачување иако тие барале многу повеќе. За инвестиции во мрежата потребни се пари велат од МЕПСО, а за ранливите категории граѓани државата нуди субвенции за користење електрична енергија.

„Струјата не треба да биде социјална категорија. Затоа МЕПСО не може, не дека не сака, ние знаеме каква е ситуацијата во државата особено поради ковидот. На сите нас и на мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи“, рече Ева Шуклева директорка на МЕПСО.

извор: lider.com.mk
29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum