Директор на училиште во Кочани си ја интервјуирал и вработил сопругата како наставничка - ВИДЕО



Директорот на СОУ „Гошо Викантиев“ од Кочани, си ја вработил сопругата како наставничка по граѓанско образование, за што платил казна од само 250 евра. Државната комисија за спречување корупција утврдила дека директорот сам го спровел интервјуто за вработување, иако можел да се изземе и да не постапува, а разговорот можеле да го реализираат и неговите двајца заменици. Сепак, тој решил да го потпише договорот за вработување, независно што се работи за неговата сопруга.

Работното место, наставник по граѓанско образование било предвидено согласно систематизацијата, а огласот бил објавен преку Агенцијата за вработување. Сопругата на директорот била единствената која се пријавила. Сега, откако казната е платена, таа си останува на работното место.


Антикорупционерите побарале одговорност и поднеле иницијатива до градоначалникот, по што бил извршен и надзор од Просветниот инспекторат.



сител shilomagazine.com.au


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum