ДИМИТРОВ: Не добивме помош од ЕУ, зашто квалитетно менаџиравме со финансиите во здравствениот сектор

Поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции кога беше обезбедена голема количина на донации во борбата со Ковид-19 (заштитни средства, маски, медицинска опрема, респиратори итн) кои не предизвикаа дополнителни расходи за овие потреби, минимумот кој беше проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не беше постигнат.


Ова е објаснувањето на Секретаријатот за европски прашања, со кој раководи вицепремиерот Никола Димитров, зошто Македонија нема да добие помош од солидарниот фонд на ЕУ.


-Во април 2020 год., Европската Унија одлучи да го прошири опфатот на Фондот за солидарност на ЕУ (ФСЕУ) како резултат на кризата настаната со пандемијата од Ковид-19 и кон земји кои не се членки на Унијата. Искористувањето на средствата од овој Фонд зависи од исполнувањето на праговите поставени од страна на Европската Унија во однос на вкупните расходи кои земјата во определен период ги има насочено за справување со последиците од Ковид-19. Имено, поддршката од ФСЕУ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Северна Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше 7.670.831 евра, велат од СЕП.


Европската комисија денеска ја соопшти листата од 17 земји членки на ЕУ, плус 3 кандидати (Албанија, Србија, Црна Гора) кои треба да добијат помош од вкупно 530 милиони евра за да ги покријат трошоците за медицинска и заштитна опрема, превенција, следење и контрола на ширењето на болеста.


извор: denesen.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum